April 19, 2024, 11:42 pm

САД ќe инвecтиpaaт милиjapди дoлapи зa paзвoj нa aнти-Koвид aпчe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на САД сака да го забрза развојот на антивирални пилули против Ковид-19 и други опасни вируси со финансиска инјекција. Целта е да се развие апче кое ќе се зема на почетокот на симптомите.

Новата програма вредна 3,2 милијарди долари ќе биде инвестирана во „забрзување на проектите кои веќе напредуваат“ за Ковид-19, но и за третмани за други вируси, изјави водечкиот експерт за инфективни болести во САД, Ентони Фаучи. Програмата ќе се фокусира на вируси кои имаат потенцијал да предизвикаат нова пандемија како Ебола, Денг-вирусот, западнонилскиот и блискоисточниот респираторен синдром, и други.

Според Фаучи, вакцините сепак „ќе останат во центарот на арсеналот“ за битка против коронавирусот.

САД досега одобрија еден антивирален лек, ремдесивир, за борба против Ковид-19, и дозволија итна употреба на уште три комбинации на антитела кои му помагаат на имунолошкиот систем да се бори против вирусот. Но, сите тие лекови се даваат исклучиво интравенозно во клиники или болници, па логистичките проблеми ја спречуваат поголемата побарувачка.

Здравствените експерти се надеваат дека ќе биде изработена пилула која пациентите ќе можат да ја земаат сами во моментот кога ќе се појават првите симптоми. Некои производители веќе тестираат такви производи, но резултатите од тестовите нема да бидат познати уште неколку месеци. Новите фондови ќе ги забрзаат тие тестови и ќе го поддржат истражувањето и производството во приватниот сектор.
Минатата недела, владата во САД соопшти дека ќе откупи 1,7 милиони дози на експерименталната антивирална пилула на компанијата Мерк, доколку се покаже дека е безбедна и ефикасна. Резултатите од голема студија на лекот кој се нарекува молнупиравир, се очекуваат наесен. Првичните анализи покажуваат дека лекот го намалува ризикот од хоспитализација доколку се користи набрзо по заразата, со тоа што го спречува вирусот да се размножува во организмот. Но пациентите кои веќе биле хоспитализирани немале никакви ефекти од лекот.
И други големи компании како Фајзер, АстраЗенека и Рош веќе тестираат антивирални апчиња.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп инвестираше над 19 милијарди долари во развојот на вакцини против коронавирусот. Но помалку од половината од тие средства отидоа за развој на нови третмани.

Единствени лекови кои досега се покажаа успешни во намалување на смртноста кај пациенти во тешка состојба се стероидите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This