САД ќe пpифaтaт вakцини пpoтив Koвид-19 oдoбpeни oд ФДА и СЗО за мeѓyнapoдни пoceтитeли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ќе прифатат доаѓање на странски државјани кои се вакцинирани со вакцини официјално одобрени од Националната администрација за храна и лекови (ФДА) или Светската здравствена организација (СЗО), објави Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Белата куќа на 20 септември објави дека САД ќе ги укинат ограничувањата за патување за целосно вакцинирани граѓани од 33 земји, вклучително и Кина, Индија, Бразил и повеќето европски земји, во ноември, но тогаш не беше прецизирано кои вакцини ќе бидат прифатени.

Портпаролката на ЦДЦ изјави синоќа дека шест вакцини одобрени за итна употреба од ФДА или СЗО ги исполнуваат критериумите за патување во САД.

Американските авиокомпании изразија задоволство од одлуката на ЦДЦ да одобри патување за вакцинирани патници од странство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This