дома Свет САД ja прогласи Кина за зakaна за националната безбедност на САД, a...

САД ja прогласи Кина за зakaна за националната безбедност на САД, a Русија за главен дeстабилизатор на меѓународната сцена

Соединетите држави ги прогласија Русија и Кина за главни закани, при што Кина е идентификувана како главен потенцијален противник на Соединетите држави, според преодните одредби на стратегијата за национална безбедност, што ги објави Белата куќа.

„Русија продолжува да го проширува своето глобално влијание и да игра дестабилизирачка улога на меѓународната сцена“, се наведува во стратегијата.

Документот посочува дека Кина „добива се поголема самодоверба“. Вашингтон смета дека Пекинг е единствениот конкурент што е „потенцијално способен да обедини економска, дипломатска, воена и технолошка моќ и да стане закана за стабилен и отворен меѓународен систем“.

Според стратегијата, „и Пекинг и Москва вложија големи напори да ги ограничат предностите на Соединетите држави и да ја спречат земјата да ги штити своите интереси и сојузници ширум светот“.