дома Европа САЛВИНИ: Започнува европската преродба!

САЛВИНИ: Започнува европската преродба!

Лидерството на партиите „Лига“ во Италија, „Националниот собир“ во Франција и партијата „Брегзит“ во Велика Британија на одржаните избори за Европскиот Парламент, е знак на промени во Европа и почеток на нова „европска преродба“, изјави потпретседателот на италијанската влада и лидер на партијата „Лига“, Матео Салвини.

„Марин ле Пен е прва во Франција, а Најџел Фараж во Британија. Европа е изморена да биде pобинка на елитата, кopпорациите и големите сили. Денешните гласања покажаа дека европските правила се менуваат“, изјави синоќа по соопштувањето на резултатите лидерот на „Лига“, Матео Салвини.

Салвини нагласи дека резултатите од европските избори нема ништо да променат на национално ниво и дека нема да има внатрешни политички пpесметк.