дома Социјални Мрежи САМКА ИБРАИМОСКИ, ПРЕМИЕР ВО СЕНКА: Се правдаше на Фејсбук па откри дека...

САМКА ИБРАИМОСКИ, ПРЕМИЕР ВО СЕНКА: Се правдаше на Фејсбук па откри дека тој го „ставил“ за министер и го „разрешил“ Аксел

Разрешувањето на министерот без ресор од партијата на Ромите ПЦЕР, во која претседател е пратеникот Самка Ибраимоски, наиде на остри реакции од семејството и блиските на разрешениот министер

Поради ова, претседателот на ПЦЕР и пратеник во Собранието од владејачката коалиција мораше да се правда преку социјалните мрежи, истакнувајќи дека тој го „ставил“ и го „разрешил“ од министерското место.

Според Самка, Аксел Ахмедовски не работел доволно, немал исполнета агенда, а не им помагал ниту на луѓето од партијата со вработувања во државна администрација, затоа сега е поставен човек кој ќе ја „тера“ таа работа.

Она што ги зачуди читателите на социјалните мрежи е тврдењето на Самка дека „поствувал“ и „разрешувал“ министри, прашувајќи се дали токму тој е премиер во сенка.