дома Социјални Мрежи САМО БЕРЕТКАТА ОСТАНА ИСТА: Што се промени кај Вилма Русковска за шест...

САМО БЕРЕТКАТА ОСТАНА ИСТА: Што се промени кај Вилма Русковска за шест години?

За шест години коментираат граѓаните на социјалните мрежи Вилма Русковска промени две работи, бојата на косата и партиската определба. Една од најнеомилените обвинителки во Македонија го доби случајот со една од најголемите корупциски афери во историјата на Република Македонија, аферата „Рекет“.

Своевремено една од омилените обвинителки на претходната власт Русковска ги водеше и истрагите за „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“. Сега, истата обвинителка е омилена на некоја друга власт, барем ако го слушаме Заев, кој лобираше токму Вилма Русковска да го превземе СЈО.

Од „Детонатор“ до „Рекет“, кај Русковска по се изгледа дека освен бојата на косата се промени и партиската преференца.