Само ваkцинирани македонски државјани ќе можат да влезат во Швајцарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Швајцарија ги затегна условите за влез во земјата за туристите од Македонија и од Косово, кои од утре ќе можат да влезат во оваа држава само вакцинирани, и тоа со една од одобрените вакцини.

На невакцинираните ќе им биде дозволен влез само во ситуации на крајна неопходност. Според Државниот секретаријат за миграција, за такви ќе се сметаат само смртта на роднини, судските повици или итните посети на претставниците на власта.

Новата регулатива нема да важи за граѓаните на Македонија и на Косово кои имаат дозвола за престој во Швајцарија.

Причината за новите мерки е влошената епидемиолошка состојба во двете балкански земји и фактот дека по летните одмори многу луѓе што се вратија оттаму дојдоа во Швајцарија со корона инфекција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This