дома Политика Само во Македонија правата на граѓаните се добиваат согласно проценти

Само во Македонија правата на граѓаните се добиваат согласно проценти

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 се разговараше за актуелната тема – попис. Гостинот во емисијата, претставник од Алијанса за Албацните, пратеникот Халил Снопче рече дека ние сме единствена земја каде што правата на граѓаните се добиваат согласно проценти.

„Другите држави ни се смеат како правиме попис и дека граѓаните во Македонија ги добиваат правата согласно процентот од пописот, на пример Албанците добиваат 25% од правата“, потенцираше Снопче кој во студито на ТВ21 дискутира со Арбр Адеми од ДУИ.

Инаку законот за попис чека мнозинство во Собранието, односно 61 пратеник кој треба да гласа ЗА предложеното законско решение.