дома Македонија САМО ВО СЕВЕРНА: Власта прави пpoпаганда и од затворањето на кафулињата

САМО ВО СЕВЕРНА: Власта прави пpoпаганда и од затворањето на кафулињата

Власта прави пропаганда од затворањето на кафулињата во Скопје. Вработени во Државниот пазарен инспекторат со камера излегоа на терен да проверат дали се почитува одлуката која ја издаде Владата. Според одлуката, кафулињата треба да се затворат во 18 часот, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Тие тргнаа во обиколка на улица „Македонија“ каде има најголем број на угостителски објекти, но тоа што е спорно е тоа што сето тоа тие го снимаат со камера и камерман.