дома Храна Само за гурмани: Превкусен неделен ручек за само 15 минути

Само за гурмани: Превкусен неделен ручек за само 15 минути

Состојки:

300гр. пилешки стек, 150гр. шампињони, 100гр. моркови, 3 црвени пипеки, 2 тиквици, сол, бибер, печена црвена пиперка, магдонос, една лажица маслиново масло, неколку лажици доматен сос.

Подготовка:

Во тава за готвење загрејте го маслото, па додадете го месото исецкано на коцки. Кратко пропржете (околу 5-8 минути), па потоа додадете ги исецканите шампињони и моркови.

Динцтајте додека зеленчукот не омекне, а потоа додадете ги исецканите пиперки и тиквици.

Промешајте и динстајте уште 10-15 минути.

На крајот додадете зачин и сос од домати.