дома Локално САМО ШЕСТ (6) ПРОЕКТИ ЗА КАРПОШ: Стефан Богоев со тотална безидејност –...

САМО ШЕСТ (6) ПРОЕКТИ ЗА КАРПОШ: Стефан Богоев со тотална безидејност – само со шест проекти бара доверба од карпошани!

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Карпош, Стефан Богоев, во својата програма има вклучено само 6 проекти кои планира да ги реализира доколку ја добие довербата на граѓаните на претстојните локални избори на 15 октомври оваа година.

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, се кандидираше за градоначалник во општина Карпош со ентузијазам и ветувања дека животот во Карпош допрва ќе дојде.

Младината слушаше многу ветувања од негова страна за планирани проекти, меѓутоа на дело можат да се видат само 6 понудени проекти во неговата предизборна програма.