дома Македонија Само што почна се прекина седницата за распуштање на Собранието , власта...

Само што почна се прекина седницата за распуштање на Собранието , власта сака да се донесат уште закони

Собранието ја почна 137. седницата на која требаше да биде распуштено, но спикерот Талат Џафери ја прекина.

Причина за прекинувањето, како што објасни, е барањето на координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ДУИ да се одржи 131. седница и да се донесат законите за аудио и аудио-визуелни услуги, за лични податоци и за изменување на Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците.

-Тоа е барање и на ВМРО-ДПМНЕ по однос на законот за аудио и аудио визуелни услуги, рече Џафери и им порача на службите да го подготват потребниот материјал за 131. седница.

Собранието претходно ги донесе и законите за јавно обвинителство, како и измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана. На гласањето за измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа.