дома Занимливости Самсоненко од ВИП-ложата навива за европска титула на својот Вардар!

Самсоненко од ВИП-ложата навива за европска титула на својот Вардар!

Македонскиот ракометен првак Вардар игра за нова европска титула во Лигата на шампионите, а од трибините има поддршка од првиот човек и се уште единствен финансисер Сергеј Самсоненко.

Рускиот бизнисмен е на Ф4-турнирот и навива за нова европска круна на својот Вардар. Сместен е во ВИП-ложата, заедно со останатите членови на семејствата на ракометарите, како и македонскиот бизнисмен и негов близок пријател, Орце Камчев.

Сергеј Самсоненко побара помош од македонските бизнисмени в година, за да го продолжи проектот РК Вардар. Најавено е дека ситуацијата ќе се стабилизира, но деталите на договорите, засега, не се познати.

Превземено од Гол.мк