Сарафов: Влечењето на банкината по асфалтот предизвикало искpeње – веројатно од тоа се зaпaлил автобусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на првата прес-конференција по случената трагедија кај „Струма” изјави дека главниот сомнеж укажува дека најверојатно се работи за човечка грешка кој што ја отежнале и несоодветните обележувања на автопатот. Сарафов вели дека банкината во која што удрил возачот со автобусот не само што е непотребна на местото, туку е и опасна. На местото немало експлозија, туку силниот удар што се слушнал бил од ударот на автобусот во банкината. Откачувањето на банкината и стружењето со автобусот, кое било како шмиргла и од кое имало искрење, најверојатно е причина поради која автобусот се запалил, вели Сарафов.

Немало експлозија, туку она што го слушнале оние кои биле во близина е ударот, силниот удар на автобусот во банкината од десната страна, за која што кажав дека не ѝ е местото таму. Немало експлозија’ изјави Сарафов.

сарафов рече дека немало очевидци иако во медиумите се зборува за 15-20 очевидци, а нема очевидци.

Ние не сме испрашале ниту еден очевидец, освен оние кои преживеале во несреќата. Ќе замолам да нема шпекулации и да се известува професионално. Сведоци нема ниту еден. Прво се распитани двајца од оние кои патувале во автобусот, кои биле будни и тие даваат точни и објективни сознанија. Распитани се посебно еден од друг и кажуваат исти верзии за настанот. Се испрашуваат уште двајца од преживеаните, вели Сарафов.

Гледаме дека има лошо обележана сигнализација на патот, појаснува Сарафов, и дека автобусот удрил во банкината која не само што не е корисна, туку е и опасна за сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This