дома Македонија САРАЈ ИМА 41 ЗAРAЗEН СО КOРOНAВИРУC: Градоначалникот Беџети бара масовно тecтирaњe и...

САРАЈ ИМА 41 ЗAРAЗEН СО КOРOНAВИРУC: Градоначалникот Беџети бара масовно тecтирaњe и почитување на мepкитe

Општина Сарај има 41 заразен од коронавирус. Ова го откри градоначалникот на оваа општина Блерим Беџети на денешната прес-конференција.

„До вчера имаше 39 случаи, денеска имаме уште двајца нови, вкупната бројка е 41. Заразените се од повеќе подрачја од општината“, рече Беџети.

Тој побара масовно тестирање во оваа општина за да се откријат сите случаи. Исто така апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.