дома Македонија Саша Богдановиќ фaти cтpaнa, ги прифаќа kpитиките и cyгестии на Црвенковски

Саша Богдановиќ фaти cтpaнa, ги прифаќа kpитиките и cyгестии на Црвенковски

За писмото на поранешниот претседател на државата, но и претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски и неговиот повик партијата да свика централен одбор, градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ вели дека верува во искрените намери на Црвенковски и ги прифаќа неговите критики и сугестии.

Станува збор за осетлива тема која што допира до секој од нас. Не сакам од старт да давам осуди за било што за да не влијаеме во процесот на преговарање. Има податоци за кои што сме запознаени, а има и такви за кои не сме запознаени. Треба да оставиме простор и време за да видиме што значи тој договор и на крај секој од нас ќе си го каже својот став.

Многу ни е важно сите да знаеме која ни е целта и патот по кој одиме, но исто така е важно да знаеме која е цената што ние како општество треба да ја платиме. Верувам дека се искрени намерите и како сугестија и како критика, со цел да се постигне единство како држава, не само како партија. Само така ќе имаме исчекор во процесот во кој долго време бевме заглавени, рече Богдановиќ.