дома Македонија САШЕ ПОЛИТИКО ТРГНА ДА ГО БРАНИ КОМАНДАНТ ХОЏА: За првото „перо“ на...

САШЕ ПОЛИТИКО ТРГНА ДА ГО БРАНИ КОМАНДАНТ ХОЏА: За првото „перо“ на Заев, терористичката ликвидација на полицајци била храброст

Откако искрши нозе да го поздрави и да си закаже состанок со Зоран Заев, Саше Политико, инаку добро познат кај новинарската фела како узурпатор во медиумскиот простор, првото перо на Заев тргна во одбрана на командант Хоџа

 

Според Саше Ивановски, убиството на Македонските полицајци не било тероризам за кој се лежи доживотен затвор, туку напротив, било храброст. Апологетот на Заев оди дотаму што пишува дека, Хоџа бил во право кога зборувал за храброста на терористите во Диво Насеље, затоа што успеале да направат голема штета, а полицијата два дена не можела да ги запре во терористичкиот напад.

„Он само ја објаснува нивната храброст и вештина на војување, што реално, држи вода, дечките се бореле навистина јако, направиле многу штета, два дена не можеа да ги неутрализираат, се направи многу штета, и во животи и во опрема и во куќите…“ – пишува првото Заевистичко перо во својата т.н. колумна на т.н. сајт „Мактел“.

Тој продолжува да објаснува дека тоа што се случило во Диво Насеље, убиството на осумината Македонски бранители, теророт кој го искуси секој граѓанин на оваа држава, стравот од повторување на конфликтот во 2001-та, и потоа плукањето по жртвите на овој терористички чин од страна на Хоџа, требало да биде заборавено. Уште еднаш, овој пат неуспешно, обидувајќи се да ја покрие мизеријата на сопственото постоење со измислената кованица „Груевизам“.


„Но, било што било, да го оставиме тоа зад нас, ајде да ги оставиме сите омрази во минатото, да не отвораме стари рани, да ги закопаме заедно со Груевизмот.“ – начкрабал Политико на својот т.н. сајт.

Она што сака всушност оваа личност да го одбрани е ставот на Командант Хоџа дека Албанците требале да војуваат со Македонците во првиот момент кога терористичките банди на кои и тој самиот припаѓа, ќе добијат доволно оружје и муниција. Тоа, дополнително ги поттикна сомнежите дека Командант Хоџа има намера најнапред да започне со елиминација на специјалните сили на полицијата, а потоа да тргне и во фронтален напад.

Пред два дена, редакцијата на Инфомакс.мк доби анонимно писмо, потпишано од припадниците на ЕСЗ „Тигар“ во кое објаснуваат дека се исплашени за нивната иднина и безбедноста на нивните семејства, бидејќи Џезаир Шаќири алијас. Командант Хоџа од МВР ги барал списоците и деталите за припадниците на специјалните единици.

Ваквите испади на Заевистите, само ја потврдуваат тезата, а стравот и сомнежите на безбедносните сили се дотолку повеќе оправдани, особено ако се земе во предвид фактот дека во текот на денешниот ден беше уапсена група од четворица косовари кои неовластено ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“, а потоа се обиделе да избегаат од местото на настанот.

Неофицијално, се работело за четири лица кои вршеле шпионажа на воен објект.

Дали Македонија ќе се соочи со нов конфликт, или истиот ќе се превенира, зависи од тоа колку Заев е спремен да ја жртвува својата и не така славна политичка кариера, и на сметка на коалицијата да направи чистка од лица како Хоџа, Талат Џафери, Ахмети, Хазби Лика, сите до еден терористички команданти.