Сашо Мијалков останува во притвор по притисокот на Маричиќ врз судиите – вечерва определен нов притвор во врска со „Плацеви на Водно“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку часа по јавно извршениот притисок врз судиите од страна на Министерот за правда Бојан Маричиќ, во итна постапка Кривичниот совет во Скопскиот кривичен суд му определи нова мерка притвор на екс-директорот Сашо Мијалков, овој пат поради процесот „Плацеви на Водно“.

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организирал криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Според информациите на Инфомакс, Маричиќ освен јавниот притисок врз судиите, попладнево бил ангажиран и во вршење на личен притсок врз Иван Џолев да состави Кривичен совет кој ќе одлучи за определување на нов притвор за Мијалков.

Маричиќ на неговиот ФБ профил по објауввањето на одлуката на Апелацискиот суд за ослободување на Мијалков од притвор, напиша дека му се гади и дека оваа одлука е погрешна, прекорувајќи ги судиите, давајќи им јасни насоки како треба да постапат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This