САШО МИЈАЛКОВ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПАРТИСКИТЕ ФУНКЦИИ: Политичката активност ја ставам во мирување додека не завршат постапките!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков, ја информира јавноста дека политичката активност ја става во мирување.

-Со цел да се завршат судските постапки кои се во тек, а во кои што кај мене постои лично убедување дека ќе се докаже вистината, донесов лична одлука да се повлечам од сите партиски функции. Низ целиот мој животен и работен век со своите можности, сила и знаење се вградував во партијата, почитувајќи и верувајќи во нејзините определби и идеја, и залагајќи се за доследност и посветеност кон истите. Останувам со убедување дека мојот ангажман и професионални заложби за Македонија за време на моето работење во државните институции ќе бидат уште повеќе валоризирани и верификувани низ една историска дистанца, се вели во соопштението до јавноста од Мијалков.

Продолжувам, додава тој,  и понатаму силно и убедено да ги поддржувам вредностите на партијата и она во што секој наш член верува, каузата на историското ВМРО и визијата за просперитетна Македонија, напредна и модерна, членка на ЕУ и НАТО.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This