дома Социјални Мрежи САШО ТАСЕВСКИ СЕ ПРОСВЕТЛИ: Екс директорот на Драмски почна да плука по...

САШО ТАСЕВСКИ СЕ ПРОСВЕТЛИ: Екс директорот на Драмски почна да плука по своите

На екс директорот на Драмскиот театар, Сашо Тасевски очигледно му проработи совеста и почна да плука по своите сега откако промената на уставното име стана реалност. Имено тој го коментираше исклучувањето на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков на својот Фејсбук профил и неговото зближување со владеачките структури со цел да се спаси од затвор, а во замена за уставни измени.

-Пасошот наводно му го вратија, парите уште не ги врати, вие си го купивте, порано го плукавте, оти страв и трепет беше, името негово со шепот се спомнуваше, прислушкуваше илјадници и потоа ги уценуваше и војска приватна имаше која само нему му се клањаше, над сите закони беше, сега пак меѓу нас ќе шета, истиот човек со ист табиет, а вие зборувате за слободна и европска држава. Ах каков циркус. Да умреш од смеење и од мака. Каде вака, прашува Тасевски.

Во друг пост пак заклучува дека СДСМ не ја научи лекцијата, коментирајќи дека тие се чистат, а вие ги прибирате.

-Не ја научивте лекцијата. Ги потценувате и им се ситите. Они ги чистат, вие ги прибирате. Го преземате нивниот баласт што ги донесе до пропаст. И кој ќе биде во предност во годините што следат. Ги враќате на власт миц по миц. Они после нема да ве прибираат. Ќе ве газат.

Меѓу другото тој ги коментира и провладините медиуми и забележува дека провладината Темла се претвора во СИТЕЛМА, а Латас во Атанас.


-Еј, Латас се маскирал у Атанас.

-СИТЕЛМА ТВ – слика има тон нема