Сајбер напад – Белгиското министерство за одбрана цел на хакери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгиското Министерство за одбрана во понеделникот потврди дека било погодено од сајбер напад.

Хакери ја искористија ранливоста во софтверот наречен Log4j, кој беше откриен претходно во декември, изјави портпаролот на министерството за локалните медиуми. Министерството го откри нападот минатиот четврток.

Официјални лица за сајбер безбедност ширум светот побрзаа да ја поправат ранливоста на Log4j во текот на изминатата недела. Грешката влијаеше на долга листа на софтверски фирми, вклучувајќи ги Amazon и Microsoft.

Хакерските групи поддржани од државата, вклучително и оние со врски со Кина, Иран, Северна Кореја и Турција, почнаа да ја користат ранливоста за хакирање на мрежите на противниците, предупредија истражувачите минатата недела.

Портпаролот на белгискиот министер за одбрана Лудивин Дедондер рече дека „тимовите на министерството работеа напорно во изминатите денови за да ги обезбедат своите мрежи“, додавајќи дека владата ќе продолжи да инвестира во сајбер безбедноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This