дома Македонија СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС:СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ПРАТЕНИКОТ ЗИАДИН СЕЛА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС:СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА ПРАТЕНИКОТ ЗИАДИН СЕЛА!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува скандалозната изјава на пратеникот Зиадин Села дека “македонски идентитет нема, а пред 100 години Македонскиот народ не постоел“.

Скадалозната изјава на пратеникот Зиадин Села за СМК претставува груба навреда на угледот на Македонскиот народ во целина!

СМК смета дека Зиадин Села поттикнува и разгорува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост и очекува јавниот обвинител тоа да го процесуира.

СМК очекува Зиадин Села јавно да се извини за навредата на Македонците во светот и во татковината.