дома Македонија СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: ОСУДА ЗА ОСКВЕРНАВЕНИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ГРОБОВИ ВО ЉУБОТЕН!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: ОСУДА ЗА ОСКВЕРНАВЕНИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ГРОБОВИ ВО ЉУБОТЕН!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најосто го осудува денешното сквернавење на православните гробишта во дворот на црквата “Свети Никола“ во Љуботен, во општина Бутел, при што непознати сторители ги искршиле надгробните спомен плочи и обележја и предизвикале голема материјална штета.

СМК изразува жалење затоа што ова е втор случај на уништување на спомен плочите на православните гробишта во една од најстарите цркви во Скопска Црна Гора, во село Љуботен, којашто е заштитена како споменик на културата

СМК бара полицијата да ги открие сторителите и против нив да преземе најостри законски мерки.

10 јули 2017 година, Скопје, Македонија –