дома Македонија СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА ДРЖАВАТА...

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува искрени честитки до Македонците во целиот свет, до граѓаните на Македонија, по повод 8 септември – Денот на независноста на Републиката. На референдумот одржан на 8 септември 1991 година, Македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа за “Суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна!

После 25 години, СМК и годинава, повторно, од власта бара итен и безусловен крај на разговорите за промена на државното име Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации со државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија од Балканските војни 1912-1913 и геноцидот врз Македонскиот народ кој се’ уште трае!

Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата, бидејќи антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија и на Бугарија за промена на македонската историја, се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин!