дома Актуелно СВИРКАЧИТЕ ОД ВЛАДА СО НОВА ИНФОРМАЦИЈА: Рашковски планирал самиот себеси да се...

СВИРКАЧИТЕ ОД ВЛАДА СО НОВА ИНФОРМАЦИЈА: Рашковски планирал самиот себеси да се постави за претседател на Собрание на акционери во Телеком!

Како вработена во Генералниот Секретаријат на Владата секојдневно сум сведок за новите “скриени покачувања” на примањата на нашите претпоставени. Нашиот г-сек Драги Рашковски со цел да “скриено да си ја покачи” сопствената минимална плата е планиран и предложен за Претседател на Собранието на акционери на Македонски Телеком.

 

На тој начин Рашковски ќе има можност со одвојување на само 30 мин за одржување на седница на Собранието да добие паушал од неверојатни 1000 евра. Со тоа буџетот на Рашковски за трошење за други потребштини ќе се зголеми за неверојатни 1000 евра од седница со што, како што би се изразиле согласно неговата небулозна логика, “ем платата од Влада ем паушалите од Телеком”. Аналогно на тоа еве го скриеното покачување на приходите за Рашковски.

Како што се повеќе и повеќе ја озборуваат алчноста и провинцијализмот на Рашковски неговите “соколи” во Владата истовремено ги искажуваат пред нас вработените и останатите причини:
– Контрола над директорите кои се поставија и е планирано да се постават во Телеком, а кои се на партиски предлози на СДС и ДУИ,
– Користење на поволностите и бенефициите од Телеком: паушал од седница од 1000 евра, лаптоп, ајфон…,
– Идни вработувања на свои блиски роднини и пријатели како во случајот со назначувањето на неговата баба во Второстепената владина комисија и неговиот кум како парапретсавник на Владата во составувањето на управните и надзорни одбори во државните претпријатија.

Планот е негово назначување на Седница на Собранието на акционери по што веднаш ќе му легнат на сметката првите 1000 евра. Нека му е со среќа на нашиот Секретар новото скриено покачување на платата, а за нас неговите вработени нека помисли кога ќе прави нов договор со Телеком, барем да издејствува за нас подобри модели на смартфони.