дома Занимливости Свршувачката раскината: Радичевиќ сепак нема да биде македонска снаа

Свршувачката раскината: Радичевиќ сепак нема да биде македонска снаа

Голманот Дино Захов и ракометарката .Јованка Радичевиќ која неколку години живееше во Скопје и ги бранеше боите на домашниот „Вардар“ ја раскинаа свршувачката и ставија крај на љубовта, објави порталот Убавина и здравје.

Парот кој беше заедно околу три години, пред година ипол се сврши, но поради професионалните обврски на двајцата не стасаа да направат свадба, иако на големо го планираа и тој чекор.

По се изгледа, откако Јованка си замина од Скопје и се пресели во Романија, згасна и љубовта.
Извор:вистина.мк