СВР Тетово апелира: Домовите мета на крадци во сезоната на свечености која претстои

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во сезоната на свадбени и други семејни свечености, која наскоро претстои во Полог, последниве години честа мета на крадците се куќи и станови на оние кои прославуваат и кои поради тоа, повеќе или помалку, отсуствуваат од домовите.

Нивното отсуство, вешто и умешно го користат поединци, кои влегуваат во домовите и најчесто одземаат златен накит или пари.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до оние кои организираат или учествуваат на свадбени или други празнични свечености, во тоа време задолжително да ги заклучуваат влезните врати и да не ги оставаат отворени прозорците.

-До граѓаните се апелира, исто така, доколку забележат непознати, сомнителни лица во близина на куќите или становите, да ги пријават во најблиското полициско одделение или станица, на бесплатниот и веќе познат телефонски број 192, со што во голема мерка ќе помогнат за нивно ефикасно идентификување и оневозможување да извршат кражби или друг вид криминал, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This