дома Религија СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ: Православните верници се подготвуваат за една од најголемите куќни...

СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ: Православните верници се подготвуваат за една од најголемите куќни слави

Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември. Речи си и да нема христијанско семејство кое не е на слава на овој ден. Во градот Куманово, велат дека секое второ семејство за куќна слава го има токму овој верски празник.


Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во четврток. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог. На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.