дома Политика СДПМ ПОТВРДИ: Голем број на членови на СДСМ преминуваат во СДПМ поради...

СДПМ ПОТВРДИ: Голем број на членови на СДСМ преминуваат во СДПМ поради незадоволството од листите!

Најстарата социјал-демократска партија во државава СДПМ излезе со соопштение до јавноста во која ги потврдува информациите за преминувањето на членови на СДСМ во нивните редови, по бранот незадоволство предизвикан од кандидатските листи на Зоран Заев во кои не се најдоа првоборците на СДСМ и опозициската коалиција

Соопштението го пренесуваме во целост

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Во врска со шпекулациите во јавноста, дека после објавувањето на кандидатските листи за пратеници на најголемата опозициона партија сегашни и поранешни функционери, како и активисти на СДСМ барале средби со раководството на СДПМ, можеме да потврдиме дека се вистинити.

Ова не е никаква новина незадоволни членови на СДСМ да преминуваат во СДПМ или незадоволни највисоки партиски функционери да се интересираат сериозно за продолжување на политичкиот ангажман во СДПМ. СДПМ како најстара социјал-демократска партија во Македонија отсекогаш ја уживала почитта на огромен број функционери и високи партиски офицери и на СДСМ и на другите социјал-демократски партии во Македонија.

Вратите на СДПМ се отворени за сите поборници за социјал-демократската идеологија, особено за искусните и докажани кадри од минатиот, но и од претходните парламентарни состави. Сепак, би сакале да истакнеме дека предимство на нашите кандидатски листи ќе им се даде на членовите на нашата партија кои во изминатите години биле верни и вредни, работејќи на нашата програма, идеите со кои придонесуваме и политичката борба која ја водиме на различни нивоа.

Дури и функционерите кои сакаат да преминат во нашата партија бидејќи се незадоволни што не се нашле на листите на СДСМ треба да знаат: СДПМ не е СДСМ. Ние нашите членови и борци ги уважуваме и максимално ги почитуваме.

[/kopa_block_quote]