дома Актуелно СДСМ БАРА БЕЗ ДОКАЗИ ДА СЕ УВАЖУВААТ ПРИГОВОРИ: Шокантна изјава на членот...

СДСМ БАРА БЕЗ ДОКАЗИ ДА СЕ УВАЖУВААТ ПРИГОВОРИ: Шокантна изјава на членот на ДИК од СДСМ Игор Милев!

Членот на Државната изборна комисија (ДИК) од СДСМ, Игор Милев излезе со шокантна изјава на седницата која во моментов е во тек, а на која се одлучува во однос на приговорите поднесени од СДСМ и БЕСА. Милев скандалозно праша каде пишувало дека морало да одлучуваат според докази?

 

-Сметам дека никаде, во ниту еден член и алинеја е наведено дека ако ние одлучуваме, мора да имаме и докази, рече Милев.

Со ова, членот на ДИК кој доаѓа од СДСМ практично призна дека не се одлучува според докази и дека СДСМ и БЕСА истите ги немаат.

Единствено двајцата членови на СДСМ гласаат за незаконските приговори на БЕСА, со што отвораат простор за натамошно испитување на сомнежите дека истите ја злоупотребуваат службената положба и овластувањата кои ги имаат, дело кое согласно закон е казниво со над 5 години затвор.