дома Македонија СДСМ ВЕДНАШ ЈА ЗАДОЛЖИ ДРЖАВАТА: Тевдовски за утре најави ново задолжување...

СДСМ ВЕДНАШ ЈА ЗАДОЛЖИ ДРЖАВАТА: Тевдовски за утре најави ново задолжување на државата за 5,6 милиони евра

Ново задолжување на државата во висина од 5,6 милиони евра е најавено за утре, иако до скоро СДС ја критикуваше владата предводена од ВМРО ДПМНЕ дека многу и непотребно се задолжува. Сега само што влезе во министертвото, Драган Тевдовски веднаш ќе се задолжи. Со овој потег се потврдува она што сите го сфатија досега, дека СДС едно зборува, а во пракса прави нешто сосема друго, погазувајќи го кажаното.

Според Министерството за финансии, станува збор за аукција на 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула, со камата од 3,8 отсто.