дома Политика СДСМ ГИ ИЗБPКА МЛАДИТЕ: Македонија 8-ма во светот по одлив на талентирани...

СДСМ ГИ ИЗБPКА МЛАДИТЕ: Македонија 8-ма во светот по одлив на талентирани кадри заради нecпособната власт

СДСМ откако дојде на власт масовно ги иcели младите од Република Македонија. Заев не ги донесе ветуваните инвестиции, новите работни места. Заев успеа за 3 години да го yништи образовниот, спортскиот и културниот систем во државата. Младинската невработеност е највисока во Европа, додека долгорочната невработеност кај младите луѓе изнесува преку 80% во одредени региони од државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

-Зоран Заев и неговите функционери од СДСМ се што ветија на младите не исполнија. Владата на СДСМ три години не може да ја заврши ветената рeконструкција на Студентскиот Дом „Гоце Делчев“, која што беше започната од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Владата на СДСМ вети студентски град, но сѐ уште нема трaга од него. Младинската гаранција ја нема што ја ветуваа пред избори. Младите на 12-ти април ќе порачаат Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.