дома Политика СДСМ ДЕМАНТИРА:Нема разговори за претседателски кандидат во органите на партијата

СДСМ ДЕМАНТИРА:Нема разговори за претседателски кандидат во органите на партијата

,,Во моментов не постојат разговори за дефинирање претседателски кандидат во органите и телата на СДСМ”, соопшти СДСМ. Партијата ги демантира објавените информации на агенцијата ИНА.

,,Разговорите не се започнати и оттука воопшто не е точно дека е дефиниран кој било за кандидат. Исто така, не е точно дека има кандидати за премиерската позиција.Станува збор за класични шпек улации кои немаат никаква врска со реалноста.Дополнително, јавноста знае, а СДСМ повторно го реафирмира, тоа не е цел на претседателот Зоран Заев, како што лажно е наведено во текстот”, се вели во соопштението.