дома Македонија СДСМ ИМА 80 ГЛАСОВИ ЗА ИМПИЧМЕНТ НА ИВАНОВ: Шекеринска се пофали дека...

СДСМ ИМА 80 ГЛАСОВИ ЗА ИМПИЧМЕНТ НА ИВАНОВ: Шекеринска се пофали дека имале 80 пратеници „во џеб“ за импичмент, но не би да трошат енергија на Иванов

Како што објасни, сега во парламентот има 80 гласа за импичмент на Иванов, но три месеци до истекот на неговиот мандат, не би трошеле енергија да го рехабилитираат и да му ја подигнат важноста на функцијата која самиот 10 години ја уништувал.

На неколку месеци пред завршувањето на вториот мандат на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов вицепремиерката Радмила Шекеринска во интервју за 1ТВ потврди дека СДСМ напразно мавта и се заканува со импичмент на претседателот Иванов. Сепак, таа уверува дека сега во парламентот имале 80 гласа за импичмент на Иванов, но три месеци до истекот на неговиот мандат, не би трошеле енергија да го рехабилитираат и да му ја подигнат важноста на функцијата која самиот 10 години ја уништувал.

За улогата на претседателскиот кабинет во „крвавиот четврток“, Шекеринска вели дека тоа е врвен скандал.

Се надевам дека обвинителството ќе има податоци. Но едно знам, отсуството на Иванов на 27 во критичните часови е тоа коешто создава сомнеж кај најголем дел од граѓаните. Претседател на држава значи дека во ситуација кога ви се бутка државата на раб на граѓанска војна, преземате нешто, изјавувате, повикувате на мир. Неговото отсуство, одбивање да заштити пратеници избрани од граѓаните, да ја заштити првата институција во државата, Собранието, создава сомнежи, рече Шекеринска.