дома Актуелно СДСМ И БЕСА ПОДНЕЛЕ ПРИГОВОРИ ДО ДИК: 14 приговори од двете партии...

СДСМ И БЕСА ПОДНЕЛЕ ПРИГОВОРИ ДО ДИК: 14 приговори од двете партии доставени до Државната изборна комисија!

До овој момент до ДИК пристигнаа 14 приговори, и тоа, 8 од БЕСА и 6 од СДСМ, известуваат од Државната изборна комисија.

Оттаму велат дека дел од приговорите се однесуваат на постапката за гласање, а дел се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање на резултатите.

Во однос на тоа за кои општини станува збор Љупка Гугучевска од ДИК во вестите на ТВ НОВА истакна дека приговорите на БЕСА се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Липково и Гази Баба, додека приговорите на СДСМ се обработуваат во моментов во нивната архива, па со податоци ќе излезат малку подоцна.

Потсетуваме дека рокот за поднесување приговор врз основа на постапката на гласањето истекува денеска до 19 часот, но поднесувањето на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите завршува вечерва до 24 часот.