дома Политика СДСМ И ДУИ СЕ ДОГОВАРААТ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ВЛЕЗ ВО СОБРАНИЕТО

СДСМ И ДУИ СЕ ДОГОВАРААТ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ВЛЕЗ ВО СОБРАНИЕТО

СДСМ и ДУИ деновиве ќе продолжат да се координираат за заеднички влез во Собранието и избор на нов собраниски претседател и нова влада. Од Социјалдемократскиот сојуз велат дека, дадените потписи не се повлекуваат, а  одлуката да формираат влада со ДУИ е конечна.

ДУИ, пак, синоќа изјавија дека, експертите кои тие ги консултирале им потврдиле дека нема никаква пречка за нивните барања а со тоа и за нивното партнерство во власта со СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ, уште еднаш го повикаа Зоран Заев  да се откаже од уцената.

-Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од тиранската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за малцинска влада. Втората опција која му стои на располагање е да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните каде граѓаните ќе може демократски да изберат програма, платформа, вклучително и онаа од Тирана, доколку во неа верува Зоран Заев.