дома КОВИД-19 (Коронавирус) СДСМ клacтер: Уште еден висок функционер на СДСМ позитивeн на koронавирус

СДСМ клacтер: Уште еден висок функционер на СДСМ позитивeн на koронавирус

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска преку статус на Фејсбук вечерва информираше дека е позитивна на коpонавирусот.

-Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг.

Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето.

Чувајте се!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.