дома Uncategorized СДСМ: Мицксоки нe го знае Уставот, никој во неговата партија нема поим...

СДСМ: Мицксоки нe го знае Уставот, никој во неговата партија нема поим ни од право ни од политика

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози. Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите, велат од СДСМ.

Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано.

– Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница – стои во реакцијата на владејачката партија.

Според нив на Мицкоски очигледно не му кажале какви се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа.

– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози. Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите – велат од СДСМ.