дома Македонија СДСМ НЕ ОДИ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: Најголемиот страв на Заев е поради...

СДСМ НЕ ОДИ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: Најголемиот страв на Заев е поради промената на името!

Извршниот одбор на СДСМ вечерва на седницата, која се одржува по неколку одложувања, одлучи да не прифати предвремени парламентарни избори. Заев вели ,,Верувам дека не е добро време за избори, не сакам да влијаам на другите членови на извршниот одбор- изјави Зоран Заев пред вечерашниот извршен комитет на партијата.

 

Иако во партијата има поделени мислења околу прифаќањето на предлогот на опозоцицијата за предвремени избори, во прилог на одлуката одат и препораките од странскиот фактор дека Владата треба да го протурка целиот мандат.

Во делот кај посебни придобивки од евентуални избори стои дека такво нешто нема да има. Во делот за негативни влијанија за исходот на изборите се наведени промената на името, амнестијата, законот за јазици, лозарите, но од работата или неработата на дел од функционерите на ДУИ. На ова СДСМ гледа како нешто во што е вложен голем напор, а кое нема да им донесе гласови плус. Друга работа која предвремени парламентарни избори нема да им ја обезбеди е поголем број на пратеници, односно се разлива и така тесното 2/3 мнозинство кое сега го имаат. Заклучокот на крајот на ИО треба да биде дека на избори треба да се оди кога тие како партија ќе одлучат, односно кога ќе биде создадена атмосфера дека ќе “газат”, пренесува ТВ21