дома Македонија СДСМ објави победа во четири, а ДУИ во три општини

СДСМ објави победа во четири, а ДУИ во три општини

Бујар Османи на прес-конференција најави дека ДУИ, во прв круг победиле во општините Липково, Сарај и Пласница. Оттаму објавија дека се победници во првиот круг од локалните избори.

– Дозволете да ги споделам со вас прелиминарните резултати. Уште во првиот круг можам да најавам победа на ДУИ во Сарај, Липково и Пласници, а ДУИ е во предност во речиси сите општини каде учествува со свои кандидати. Така што можам да кажам дека целиот овој дел вечерва веќе е позеленет дел. Нека ни е честит овој ден и ова е политички празник за демократијата. Она што нема да го завршиме во првиот круг, се гледаме во вториот круг, рече Османи.

Од владејачката СДСМ велат дека според оние резултати што стигнале до нив, веќе имаат сигурна победа во Валандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово.

Резултатите покажувале дека водството на нивните кандидати е убедливо во Струмица, Ресен, Бутел и Крушево и оттаму веруваат дека е можна победа уште во првиот круг.