дома Политика СДСМ потфpли на економско поле, од ветените над половина милијарда евра за...

СДСМ потфpли на економско поле, од ветените над половина милијарда евра за првите три пакети на економски мерки исплатиле едвај 1/3

СДСМ потфрли на економско поле. Од ветените над половина милијарда евра за првите три пакети на економски мерки исплатиле едвај 1/3, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение до медиумите.

На СДСМ полесно им беше да ги потрошат парите за потkyп, отколку да им помогнат на граѓаните и бизнисот, велат од партијата.

Четвртиот пакет кој што сега го ветуваа, немаше да биде потребен, доколку домаќински ги реализираа досегашните три пакети. Парите наместо кај граѓаните и бизнисите завршија кај фирмите на Нина Ангеловска и Заеви.

Дополнително со мерките не се опфатени сите. Заев не ги опфати студентите, и не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување од партиципација на сите студенти запишани на државните универзитети. Не се опфатени ниту учениците во основните и средните училишта.
Четвртиот пакет на мерки, уште еднаш покажа дека на Заев побитен му е дневниот ПР, отколку долгорочната добробит на граѓаните и бизнисот.