дома Политика СДСМ ПРЕСЕЧЕ: Пендаровски кандидат за претседател

СДСМ ПРЕСЕЧЕ: Пендаровски кандидат за претседател

Стево Пендаровски е заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ.

Раководството на СДСМ вечерва на состанокот ги разгледала кандидатурите на 24 кандидати кои се пријавиле на огласот што го распиша паријата и зазела дефинитивен став дека Пендаровски е најдобриот кандидат во моментов, иако и другите би биле заслужено избрани.

Стево Пендаровски е кандидатот со кој СДСМ и ДУИ ќе излезат на претседателските избори. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека Пендаровски ќе биде предложен за консензуален претседателски кандидат на Македонија.

Заев рече дека очекува поддршка од сите и додаде дека останатите фаворити за претседател го прифатија Пендаровски како претседателски кандидат.

Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.