дома Политика СДСМ ЈА ЗАКАЖА СЕДНИЦАТА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ЗА 19 ЧАСОТ: Вечер ќе се...

СДСМ ЈА ЗАКАЖА СЕДНИЦАТА НА ЦЕНТРАЛНИОТ ЗА 19 ЧАСОТ: Вечер ќе се одлучува за претседателски кандидат и евентуални предвремени парламентарни избори

Денеска ќе се одржи седмата седница на Централниот одбор на СДСМ.

Почетокот на седницата е закажан во 19:00 часот, во седиштето на партијата во Скопје (голема сала).

Пред членовите на Централниот одбор на СДСМ на дневен ред се повеќе точки поврзани со процесот на реформите, напредокот на Македонија, интеграциите и членството во НАТО и ЕУ, актуелната политичка состојба во земјава, други политички и внатрепартиски прашања.

Се очекува Централниот одбор да донесе одлуки поврзани со отпочнувањето на внатрепартиската постапка за избор на кандидат за Претседател на државата како и одлуки за постапки за избор на кандидати за градоначалници во три општини за кои ќе се одржат локални избори оваа година.

Седниците на Централниот одбор се работни. Имајќи го предвид интересот на јавноста, медиумите кои се заинтересирани ќе имаат можност за фото и видео инсерти на почеток на седницата.

Како и за останатите седници, јавноста ќе биде информирана за заклучоците и одлуките по завршување на оваа седница на Централниот одбор на СДСМ.