дома Македонија СДСМ ЌЕ ОДРЖИ ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР ВО ОХРИД: Во видео обраќањето Николовски не...

СДСМ ЌЕ ОДРЖИ ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР ВО ОХРИД: Во видео обраќањето Николовски не се говори ништо за предвремени парламентарни избори

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во видеообраќање сподели дека ги известил и ги поканил сите членови на Централниот одбор на партијата на 16 јуни, недела, во Охрид да присуствуваат на седница на ЦО.

На седницата ќе разговараме за суштинските промени во партијата, за новиот систем на работа и делување, за напредокот на државата и очекувам да го заокружиме изборот на раководните органи на СДСМ. Промените во СДСМ продолжуваат во интерес на граѓаните и забрзување на напредокот на земјата, вели Николовски.