дома Политика СДСМ caкa дa штeлyвa пoпиc, caмo фингepпpинт тepминaли ќe гapaнтиpaaт peaлeн пoпиc

СДСМ caкa дa штeлyвa пoпиc, caмo фингepпpинт тepминaли ќe гapaнтиpaaт peaлeн пoпиc

Зоран Заев и СДСМ сакаат да го штелуваат пописот, исто како што ги штелуваат и изборите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

–Заев со талибански методи со кои оди против волјата на народот, ќе оди и на попис. Затоа нема став во однос на пописот. СДСМ знае дека Заев си игра со државата и пописот, кој е стратешки важна операција, со помош на која се добиваат бројки важни за секое едно креирање на политика како на среден така и на долг рок, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека без реални податоци од попис, државата не може правилно да се развива, а мерките кои ќе се димензионираат од институциите ќе бидат погрешни.

-Заев не смее да гледа на пописот како на уште една работа со помош на која ќе се пазари, туку мора да сфати дека тоа е статистичка операција, а не политичка. ВМРО-ДПМНЕ повикува на вразумување на Заев и организација на попис со чии методи ќе биде запознаена јавноста и ќе бидат прифатени предлозите на опозицијата, во спротивно нема да го признаеме таквиот попис, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.