дома Политика СДС ГО АКТИВИРАШЕ СЈО: Во пресрет на изборниот пораз кој го очекува...

СДС ГО АКТИВИРАШЕ СЈО: Во пресрет на изборниот пораз кој го очекува Заев, СЈО бара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ!

Слабите рејтинзи, и претстојниот пораз кој го очекува СДС и Зоран Заев на локалните избори закажани за 15-ти октомври годинава, резултираа со активирање на специјалното јавно обвинителство, со цел вршење на политички прогон против неистомислениците, и блокрање на опозицијата соодветно да настапи на изборите

 

Денес, како што информираат од СЈО, обвинителката Ленче Ристовска пред Врховниот суд барала замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на претстојните избори, објаснувајќи дека тоа било „во интерес на политичката партија“.

Вистината за ваквото барање на СЈО лежи во намерата СДС да ја блокира опозицијата преку кратење на начините за финансирање на кампањата, со што би се намалила разликата од поразот го очекува Заев и владеачката партија. На овој начин се врши брутална политизација на правосудството, кое директно се вклучува во вршење на кривично дело преку блокирање на една политичка партија нормално да функционира во пресрет на изборите.