дома Политика СДС ДЕЛИ ФЛАЕРИ ВО ИЗБОРЕН МОЛК: Активно и континуирано прекршување на изборниот...

СДС ДЕЛИ ФЛАЕРИ ВО ИЗБОРЕН МОЛК: Активно и континуирано прекршување на изборниот законик, полицијата асистира во криминалот!

СДСМ го крши изборниот молк, а како свој соучесник ја има полицијата која молчи за ваквото прекршување.

Имено, активисти на СДСМ уште од рано утрово се на терен и делат флаери промовирајќи ги своите кандидати за градоначалници во Кисела Вода и Гази Баба.

Кампањата за првиот круг од локалните избори, денот на гласање и следниот период беа исполнети со закани, насилство, уцени, поткуп од страна на СДСМ. На терен беа дури и во придружба на полицијата каде ги тероризираа граѓаните.

Денес, на изборниот молк пред утрешното гласање, СДСМ продолжува со самоволие и злоупотреба на полицијата во партиски цели.