дома Политика СДС НАМЕРНО КРАТИ ОД ПРОЕКТИТЕ ЗА ОПШТИНИТЕ НА ИСТОКОТ: Емил Димитриев објави...

СДС НАМЕРНО КРАТИ ОД ПРОЕКТИТЕ ЗА ОПШТИНИТЕ НА ИСТОКОТ: Емил Димитриев објави дека СДС ги укинува проектите за Пробиштип!

Пример за тоа, зошто зборувам, поднесувам амандмани итн., за да не се стопираат започнатите проекти на претходната влада за Пробиштип. Поништен огласот на Министерството за образование за реконструкција на ОУ Браќа Миладиновци и ОУ Никола Карев во нашата општина – напиша Емил Димитриев на неговиот ФБ профил

Владата на СДС, и нивните пратеници на секој начин се трудат да ги стопираат и бојкотираат проектите кои се од корист на граѓаните, а се донесени од претходната влада, или пак се на барање на градоначалниците, се со цел да се нанесе политичка штета. Секако, оваа политичка игра на СДС ја плаќаат граѓаните.

Освен ова, СДС со ребалансот на буџетот предвиде и распределба на државниот буџет за дотации на општините по етнички клуч. Имено, 70% од републичкиот буџет е определен за општини во кои мнозинското население е албанско, додека само 30% за останатите општини.

Во рамки на оваа определба, пари за Пробиштип но и другите општини од истокот нема, и покрај барањата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се исполнат проектите кои биле ветени и им се потребни на граѓаните.