дома Политика СДС СОЗДАВА ГЕНЕРАЦИЈА ЛАЖГОВЦИ: Наредба до младината на СДС, на Фејсбук да...

СДС СОЗДАВА ГЕНЕРАЦИЈА ЛАЖГОВЦИ: Наредба до младината на СДС, на Фејсбук да лажат дека ВМРО-ДПМНЕ се виновни за пожарот во Струга!

СДСМ продолжува да се однесува како да е опозиција и да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за се што СДСМ не презема, пишува порталот Денешен.

Деновиве на социјалните мрежи кружи електронска пошта со следната содржина:

„Од денес во следните 2 недели треба да ги ангажираме сите млади членови кои знаат да користат facebook и активно со по 2 или 3 постирања дневно на порталите 02, охрид1, охридскај и охридњус да го обвинуваат вмро-дпмне за пожарот и палењето на сметот во Струга.

Ги покануваме сите активисти кои немаат компјутери да дојдат во штабовите на сдсм и ќе им биде обезбеден компјутер…“

Охриѓани велат дека имајќи ја предвид активноста на социјалните мрежи последните денови, електронската пошта е автентична и навистина СДСМ и кога е на власт вината за сопствената неспособност да угаси еден обичен пожар решава да ја префрла на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова може да биде само најава на начинот на кој СДСМ ќе сака да ги правда сите ветувања кои нема да може да ги реализира, а граѓаните ги очекуваат: 500 евра просечна плата, 100.000 плата за лекарите, 500 километри нови автопати. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе им е криво и за овие работи кои нема да ги исполнат, ама не очекував дека ќе започнат со изговори толку брзо и за толку банални работи со кои не може да се справат, коментира еден корисник на социјалните мрежи.