дома Македонија СДС ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМУВА ДАНОЦИТЕ: Граѓанското движење против осиромашување протестира против покачувањето...

СДС ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМУВА ДАНОЦИТЕ: Граѓанското движење против осиромашување протестира против покачувањето на даноци!

Движењето против осиромашување е против зголемувањето на даноците, Владата на СДС не се откажува од зголемувањето на даноците и тоа значи директно осиромашување на граѓаните, ова денеска го изјавија од движењето против осиромашување.


-Оваа Влада ги блокира нашите барања, а ние ќе продолжиме со блокади, бараме прво откажување од планот за зголемување на даноците, второ бараме намалување на даноците и трошоците за придонеси од 27 на 25 проценти, трето Владата да се откаже од непродуктивните трошоци и ова се нашите граѓански барања.

Тие велат дека блокадата ќе биде денес од 15 до 17 часот тие упатуваат и апел до сите граѓани за да им се приклучат бидејќи нивните барања се рационални и разумни и се против директно осиромашување на граѓаните.